четврток, 12 ноември 2026
Најново

Групата во Диво насеље дел од американски проект за стопирање на руското влијание во Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Мухамед Анди Красниќи, познат под прекарот командант “Малишева”, од затвор каде ја издржува доживотната казна за терористичкиот напад во Диво насеље, испратил апел до косовската полиција во кој дава  детали за престрелката во Куманово.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Ние од кумановската група бевме дел од американски проект кој требаше да го стопира руското влијание во Македонија, така да и понатаму постојат такви кои не ценат. Искрено, не играјте си со нашите чувства и со нашите фамилии“, напишал Красниќи. Тој му порачува на директорот на Косовската разузнавачка служба да ги поништи одлуките за следење. Во спротивно Красниќи се заканува дека ќе преземе мерки и против нивните фамилии. Командантот Малишева  објавува постови и фотографии во затворот на својот фејсбук профил. Во мај годинава тој испратил апел до своите другари обидувајќи се да ги одврати од некои нивни планови.

„Апелирам до сите ветерани, соборци, нашите браќа, оние кои имаат храброст, што ја дадоа својата Беса да продолжат со ослободителната војна таму каде што ја оставивме ние, да не го сторат тоа. Ве повикувам да не го сторите тоа бидејќи процесите се движат напред и сега кога и САД и ЕУ се посветени на движењето на процесите кон иднината и за нас Албанците ќе има светла иднина. Груевски и неговите руски банди си заминаа и не се враќаат веќе“, напиша тој.

 

Поврзани вести