Групна тепачка во Сарај меѓу две семејства од соседниот Љубин

Групна тепачка се случила вчеравечер во скопското село Сарај, а во неа учествувале членови на две семејства од соседното село Љубин, соопшти полицијата.

„На 08.04.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сарај, скопско, по претходно нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.С.(68), М.С.(22), Р.С.(32) и М.С.(27) од една страна и Ј.С.(59), О.С.(25) и Н.С.(19) од друга страна, сите од с.Љубин, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Пронајдете не на следниве мрежи: