Грција бара нов амандман на Преспанскиот договор!?!

По големите бранувања што во Грција ги предизвикаа изјавите во Собранието на премиерот Заев за учењето на македонскиот јазик во Грција, за неговата употреба, за „Егејска Македонија“, Атина ќе ја префрли битката на меѓународно тло, пишуваат грчките медиуми.
Според објаснувањето на весникот „Естиа“, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара ООН да одобри дополнителен протокол кој ќе го допрецизира Преспанскиот договор, во смисла дека ќе дава многу ограничен простор за наведувањата на јазикот и нацијата. Како што е наведено во весникот  протоколот ќе биде амандман на Договорот од Преспа, односно ќе стане негов интегрален дел.
За подготовката на овој амандман бил ангажиран Евангелос Калпадакис, советник на грчкиот премиер.
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, пак, веќе побарал од Генералниот секретар на НАТО да се спротивстави на интерпретациите на Преспанскиот договор во Македонија, за да се оневозможи признавање „македонски народ“ и да се потенцира дека јазикот кој се зборува кај грчкиот северен сосед е словенски. Како што објавуваат и други грчки медиуми Грција ги информирала и САД дека без такви гаранции Преспанскиот договор нема да биде ратификуван во грчкиот Парламент.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.