Грција го забрани Центарот за македонски јазик во Лерин

Апелациониот суд во Кожани, Грција  ја поништи регистрацијата на Центарот за македонски јазик. Пресудата на 68 страници е изречена на 13 август. Претходно судот во Лерин (март 2023)  ја потврди законитоста на регистрацијата на оваа невладина организација.

Ова беше протолкувано како признавање на македонскиот јазик од Грција и доследно почитување на одредбите од Преспанскиот договор. После 16 месеци судот од  Кожани ја поништи оваа одлука.

Целта на Центарот за македонски јазик беше зачувување на македонскиот јазик во Грција, организираше бесплатни онлајн курсеви по македонски и се залага за воведување на македонскиот јазик во јавното образование во Грција и за признавање на македонскиот јазик како малцински јазик во земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.