Грција ќе го зголеми бројот на војници за 15.000

Грција ќе го зголеми бројот на војници за 15.000

Атина ќе да купи осумнаесет француски борбени авиони „Рафале“, објави Мицотакис за време на неговото последно телевизиското обраќање. „Време е да ги зајакнеме нашите вооружени сили. Ова е важна програма што ќе создаде национален штит“.

Исто така ќе се купуваат и бродови. Грција ќе купи четири нови и да ажурира четири постојни фрегати. Бројот на активни војници ќе се зголеми за 15.000, како и залихите на противвоздушни ракети, торпеда и друга муниција. 

Спорот со Турција се чини дека е една од главните мотивации за ваквиот потег. Грција и Кипар веќе со месеци се во спор со Турција во врска со делови од источниот Медитеран, за кои трите земји тврдат дека имаат право да извлекуваат природен гас. Мицотакис во саботата ја обвини Турција за „закана“ кон грчките граници и загрозување на регионалната безбедност. Спорот во Медитеранот резултираше во тоа што Турција испрати истражувачки бродови во спорните води, по што сојузниците од Европската унија ги испратија своите пловни објекти во тие области, а Анкара и Атина извршија воени маневри.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.