Грчката опозиција поднесе интерпелација за влaдата на Ципрас, Мицковски молчи!

Неа Демократија жестоко против Ципрас. Тие поднесоа интерпелација за неговата Влада и очекуваат истата да падне по завршувањето на расправата во грчкиот парламент.
„Овој договор во целина е истиот договор што ја материјализира содржината на името Илинденска Македонија. Го сменивте насловот, но го оставивте останатото. Овој договор беше готов, прилагоден на името Илинденска Македонија, најиредентистичкото име во историјата на преговорите. Не успеавте со тоа име и само го сменивте насловот, но се друго му служи на најиредентистичкото име во 30-те години од преговорите.“ – изјави Кумуцакос.
И додека кај јужниот сосед се заоструваат работите во Македонија се е мирно и „договорено“. Како што можеше да се види од изјавите на Мицковски тој како граѓанин бил против и на референдум ќе гласал против. За жал во ивие историски времиња ниту слушнавме јасен став за нашата иднина, ниту прецизно беше покажано како ќе се заштити државата од ова демонтирање. 
Членството на ВМРО се погласно негодува и бара реакција на партијата. Еден ветеран на партијата за нашиот портал изјави дека не гледа смисол на постоење на ВМРО доколку не постои Македонија како држава…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.