среда, 18 ноември 2026
Најново

ГРЧКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ МАЖ КОЈ ИМАЛ НАД 2,5 МИЛИОНИ ФАЈЛОВИ СО ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во северна Грција е уапсен маж кај кого биле откриени најмалку 2,5 милиони слики и видеа со детска порнографија.

Од грчката полиција соопштија дека Секторот за борба со сајбер криминал добил информации преку Европол по операцијата на „Darknet“ спроведена од француските власти на почетокот на минатата година, по што произлегло дека и во Грција има електронски траги на корисник на интернет, кој поседувал и споделувал фајлови со детска порнографија, преку различни веб страници.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Било известено Обвинителството во Атина и спроведена прелиминарна истрага, по што бил откриен и идентитетот на уапсениот кој е од северна Грција.

Полицијата направила претрес во домот и пронашла и одзела четири хард дискови со вкупен капацитет од 15 терабајти.

-Од истрагата на лице место на горенаведените дискови, полицијата откри дека содржат најмалку 2,5 милиони слики и видеа со содржина на детска порнографија, со големина од околу 3,5 терабајти, соопштија од грчката полиција.

Поврзани вести