Грчкиот премиер Самарас во Турција ќе ја поттикнува економската соработка

 Грчкиот премиер Антонис Самарас во понеделник ќе патува во Истанбул на разговорите со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, со цел да ја зајакне економската соработка во атмосфера на постојаните територијални спорови меѓу двете соседни земји.Грчкиот премиер Антонис Самарас ќе ја предводи делегацијата во чиј состав се десетина министри и деловни луѓе, а ќе присуствува и на потпишувањето на десетина билатерални договори за туризмот, технологијата, здравството, поморскиот транспорт, земјоделието и имиграцијата, наведе дипломатски извор во Атина, пренесува AFP.Овие договори ќе бидат потпишани во понеделник во Истанбул во рамките на турско-грчкиот совет, институција којашто во Атина ја основаа поранешниот грчки социјалистички премиер Јоргос Папандреу и Ердоган, со цел билатерално економско приближување на двете земји.Во текот на првиот состанок на овој совет во Атина, беа потпишани дваесетина договори за разни економски сектори.И покрај економските врски, двете држави членки на НАТО, меѓу коишто традиционално постојат тензии, досега не успеаја да ги усогласат ставовите за поделениот остров Кипар, како и за надлежностите на воздушниот и поморскиот простор во Егејското Море.Претходно изминатава седмица грчкиот премиер Самарас ги спомена споровите со Турција во Егејското Море, каде што двете земји сакаат да преземат истражувања за откривања извори на енергенси. „Грција и Турција изјавија дека сакат да ги решат меѓусебните спорови пријателски и мирно, што е позитивно, но најдобро би било да се почитува меѓународното право“, нагласи Самарас во понеделникот на конференција за енергијата во Атина.Пред десет дена грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос испрати нота до Обединетите нации со информации за прекршоци од страна на Турција на суверените права на Грција на континенталната рамнина и спроведување на истражувања на епиконтиненталниот појас. Епиконтиненталниот појас на држава којашто има брег го опфаќа морското дно и неговата подповршина надвор од нејзиното територијално море по целиот природен продолжеток на нејзината копнена територија, ткн копнена рамнина.„Овие дејствија од страна на Министерството за надворешни работи ја претставуваат грчката позиција за заштита на суверенитетот на нашата држава, според традиционалниот закон за морето и, особено, Конвенцијата на ОН за правото на морето (од 1982 година). Грчката влада направи соодветен допис до Турција веднаш штом станаа познати нејзините активност (во епиконтиненталниот појас). Сега Грција ги информираше и ОН и нејзините релевантни институции, а вербалната нота ќе биде објавена во зборникот закони ‘Морски билтен'”, беше наведено во соопштението на грчкото министерство за надворешни работи.Грчкиот министер за надворешни работи Аврамопулос, пред две седмици во Њујорк разговараше за ситуацијата во ексклузивна економска зона на Грција на средбата со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун.Одлуката на Турција да ѝ се одобри на турската држава компанијата TPAO дозвола да истражува во грчкиот и кипарскиот епиконтинентален појас беше објавена во турскиот службен весник на 27-ми април 2012 година, кога Никозија и Атина протестираа. Нотата, инаку, беше доставена до ОН една седмица пред посетата на премиерот на Грција Антонис Самарас на Истанбул.
Макфакс Грчкиот премиер Антонис Самарас во понеделник ќе патува во Истанбул на разговорите со турскиот премиер Реџеп Таи

Пронајдете не на следниве мрежи: