Грчките цариници ќе штрајкуваат на граничните премини во понеделник наутро

Грчките цариници ќе штрајкуваат на граничните премини во понеделник наутро. Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, според информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, за 27.07.2026 година (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојран (Дојран) и Ники (Меџитли).

„Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на овие гранични премини, патничките возила ќе бидат дозволени да поминуваат на секои 10 минути, додека движењето на товарните возила ќе биде целосно прекинато, како за влез, така и за излез од Република Грција“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи нагласи дека институцијата ќе преземе сите потребни мерки и ќе ги ангажира сите човечки и технички капацитети за справување со ситуацијата.
The post Грчките цариници ќе штрајкуваат на граничните премини во понеделник наутро appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: