Гувернерот на Калифорнија го покани Трамп во Лос Анџелес

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом го покани новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Калифорнија за да ја испита штетата предизвикана од смртоносните шумски пожари во округот Лос Анџелес.

Во писмото, Њусом побара од Трамп да му се придружи на средбата со жртвите и пожарникарите и потсети на федералната помош што веќе беше доделена од администрацијата на актуелниот претседател Џозеф Бајден.

Писмото дојде откако Трамп ги обвини гувернерот и претставниците на Лос Анџелес за природните катастрофи, тврдејќи дека тие донеле одлуки што ја влошиле кризата, пренесува NBC News.

Додека се подготвувате да ја превземете функцијата, ве поканувам да дојдете во Калифорнија, да се сретнете со Американците погодени од овие пожари, да го видите уништувањето од прва рака и да ми се придружите на мене и на другите во заблагодарувањето на херојските пожарникари и првите реагирачи кои ги ставаат своите животи на линија. Во духот на оваа голема земја, не смееме да политизираме човечка трагедија или да шириме дезинформации од страна“, напиша Њусом во објавата на социјалните мрежи.

Во петокот Трамп повторно го обвини гувернерот на Калифорнија Њусом за ширењето на пожарите во државата и го повика да поднесе оставка.

„Еден од најдобрите и најубавите делови на Соединетите Американски Држави гори до темел. (Јужна Калифорнија) се претвора во пепел, а Гевин Њусом треба да поднесе оставка“, напиша Трамп на својата платформа за социјалните мрежи Truth Social. Тој додаде дека гувернерот на Калифорнија е „виновен за се“.

Трамп го обвини Њусом што не потпишал наредба за полнење на резервоари за складирање вода, што според него ќе помогне во одговорот на пожарите што беснеат во областа.

Пронајдете не на следниве мрежи: