Гулаш од тиква

За да го подготвите гулашот од тиква потребно е– 800 грама тиква, 2 главици кромид, 1 чешне лук, 1 црвена пиперка, 1 лажица доматно пире, 2 лажици црвен пипер, 2 ловорови листа, 2 лажици масло, 1 лажица мајчина душица, 5 дл. црвено вино, малку ким, сол и црн пипер.

Подготовка

„Месото“ од тиквата исечкајте го на коцки. Ситно исечкајте го кормидот, а лукот изгмечете го. Пиперката исто така исечкајте ја ситно.
На загреано масло пропржете го кромидот, додадете го пирето од домати, потоа и ситно исечканата пиперка, наросете сол и црн пипер, па на крајот додадете го виното.

Потоа, додадете ги сите останатите состојки, освен тиквата исечена на коцки. Супата гответе ја се додека не стане густа како гулаш, а потоа додадете ја и исечканата тиква. Гответе додека тиквата не стане мека.

Сервирајте го гулашот со препечен леб.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.