Гурмански омлет од рерна

Квалитетен и калоричен доручек.
СОСТОЈКИ:
3 јајца
200 гр брашно
100 гр рендан кашкавал
200 мл јогурт
неколку шери домати
100-150 гр сувомеснато
1 лажичка прашок за печиво
сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Разматете три јајца, посолете, додајте јогурт, продолжете со матење. Ставете брашно и прашок за печиво па убаво соединете.
Една половина од смесата прелијте во садот за печење, па ставете сувомеснато, а потоа другата половина. Додајте шери домати. Печете на 200 степени 20-25 минути.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.