Гурмански рај: Потпечен компир со кашкавал

Кој не сака потпечени компири, а уште пак во комбинација со кашкавал!?
Потпечен компир со кашкавал: Гурмански рај поради кој ќе заборавите на месото!
Потребни состојки:
1 кг компири
500 мл топло млеко
150 грама рендано полутврд кашкавал
50 грама рендано тврд кашкавал
50 грама брашно
50 грама путер
3 лажици сечкан магдонос
1 лажичка сенф
Мускатно оревче
Сол и бибер

Начин на подготовка:
Излупете ги компирите и исечете ги на тенки парчиња. Ставете ги во тенџере со ладна вода, посолете и пуштете ги на силна температура. Кога водата ќе зоврие оставете ги да се варат 10 минути.
Исцедете ги компирите и наредете ги во подмачкан сад за печење.
Подгответе го бешамел сосот така што прво на загреан путер малку ќе го пропржите брашното, а потоа постепено ќе го додавате млекото со непрекинато мешање за да избегнете создавање на грутки.
Сосот нека се готви околу 4 минути, а потоа тргнете го од оган и додадете ги мускатното оревче, биберот, сечканиот магдонос, сенфот и двата вида кашкавал.
Подготвениот сос прелијте го врз компирите, малку промешајте и печете на 180 степени околу 45 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.