Гуцати на протестот во Скопје: Хашкиот трибунал наликува на судовите од поранешна Југославија, ОВК ги штитеше граѓаните

Претседателот на Организацијата на воени ветерани, Хисни Гуцати, одржа говор на протестот во Скопјe, кој се одржува во одбрана на поранешните водачи на ОВК и против нивното судење во Хаг.

Гуцати рече дека Хашкиот суд, со судењето на поранешните водачи на ОВК, наликува на судовите од поранешна Југославија. Тој рече дека со тие судии „Европа си покажува црно лице“.

„Денес се собравме за да им покажеме на странските амбасади лоцирани во Македонија дека ОВК не била криминална армија, туку армија што ги штитела своите граѓани. Овој суд го формираше лудак кој покрена резолуција во Европскиот парламент дека наводно ОВК извршила злосторства и вадела органи од луѓе.“

„Денес, со овој голем број луѓе тука, покажуваме дека ОВК потекнува од народот, е родена од народот и е заштитена од народот. Хашкиот трибунал наликува на судовите на Југославија. Бараме Европа да не си го зацрнува лицето со тие судии на Хашкиот трибунал“, нагласи Гуцати.
The post Гуцати на протестот во Скопје: Хашкиот трибунал наликува на судовите од поранешна Југославија, ОВК ги штитеше граѓаните appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: