Далас се засили со Ирвинг!?

Познатиот новинар Адријан Војнаровски објави вистинска „бомба“ во НБА-лигата, а тоа е дека Кајри Ирвинг од Бруклин нетс се сели кај Лука Дончиќ во Далас маверикс.

Далас во екипата на Бруклин ги испраќа Дориан Фини-Смит и одличниот Спенсер Динвиди, како и првиот пик на НБА-драфтот во 2029 година.

Преговорите меѓу екипите се воделе неколку дена, а конечно денеска паднал договор за Ирвинг за кој интерес покажа и Лос Анџелес Лејкерс.

Ирвинг одигра помалку од 150 меча во последните четири сезони, а една од причините беше тоа што не е вакциниран против ковид-19, меѓутоа во просек постигнува по 27 поени, пет скокови и пет асистенции по меч и сигурно ќе биде големо засилување за Далас.

Пронајдете не на следниве мрежи: