Дали би платиле 100 долари за да му испратите Фејсбук порака на Марк Зукерберг ?

Постојат две Фејсбук поштенски сандачиња за приватни пораки, инбокс или „главно“, кое го проверувате често, и второто е сандаче во сенка под името „други пораки“, каде Фејсбук ви ги селектира пораките од странци, и спамери, односно луѓето со кои не сте поврзани.  Многу луѓе никогаш не го проверуваат тоа.
Минатиот месец, Фејсбук започна тестирање на функцијата, странците кои сакаат нивните пораки да стигаат во главното сандаче на другиот, да плаќаат по еден долар. Но, Фејсбук процени дека некои корисници вредат повеќе од тоа. Па, доколку сакате директно да испратите порака до главното сандаче на извршниот директор Марк Зукерберг, ќе треба да платите и до 100 пати повеќе.
Од Фејсбук тимот изјавуваат дека постојано се воведуваат некои измени за подобрување и олеснување на социјалната мрежа  и неговите корисници.
Во моментов може слободно и бесплатно да испраќате пораќи до Марк, но имајте на ум дека тоа ќе заврши во неговото „друго“ сандаче.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Постојат две Фејсбук поштенски сандачиња за приватни пораки, инбокс или „главно“, кое го проверувате често

Пронајдете не на следниве мрежи: