Дали би пробале кинески палачинки со млад кромид?

За тоа дека сте пробале благи палачинки во сите можни варијанти – знаеме. Но, солени палачинки со млад кромид е нешто што со сигурност треба да се најде на вашето мени.


Состојки:

  • 250 гр. брашно
  • 1 лажичка сол
  • 140 мл. топла вода
  • 1 китка млад кромид
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици сусам
  • растително масло за пржење
    Подготовка:
    Замесете тесто од брашно, сол и вода, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер околу 30 минути.
    За тоа време исечкајте го кромидот на ситни парчиња и препечете го сусамот. Извадете го тестото од фрижидер и поделете го на четири дела.
    Земете парче тесто, обликувајте го во топка и расукајте го што потенко. Премачкајте со маслиново масло и посипете со исечкан млад кромид и тостиран сусам.
    Завиткајте го како палачинка. Потоа палачинката замотајте ја во полжав, па расукајте ја според големината на тавата.
    Се пржат на малку масло неколку минути од двете страни. Ставете ги палачинките на кујнска крпа за да се впие вишокот маснотии.
    Пресечете во посакуваната форма и сервирајте.
    На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.