Дали вашиот дечко од соништата е само добар актер?

Проверете дали вашиот дечко е вистинскиот, дали навистина сакате со него да го поминете остатокот од животот,  а во меѓувреме тој се однесува ладно и незаинтересирано.
Веќе не ви е посветен
Доклку вашиот дечко постојано наоѓа изговори да ја избегне средбата со вас, или неговото однесување е променето, тој е ладен и не ви посветува внимание тогаш не заслужува да биде во ваше друштво.
Не ве претставува пред пријателите
Не мора веднаш да бидете прифатени од неговото друштво, некои луѓе се позатворени. Меѓутоа доколку поминат три месеци а вие не сте запознале ни еден од неговите пријател, тогаш нешто се случува. Што се крие тука ќе покаже времето. Но доколку не сака да бидете дел од неговото друштво и не ве пушта во неговиот круг на пријатели, тој дечко не е за сериозна врска.
Секогаш вие му се јавувате и му праќате пораки
Некои момци се поспори кога е комуникацијата во прашање, но ако само вие вложувате труд врската да опстои, тогаш нешто не е в ред… Можеби не сакате момче кое ќе биде зависно од вас или премногу наметлив дечко , но само вие не можете да бидете таа која секогаш ќе биде иницијатор на се. За врска се потребни двајца.
Затворен е
Заедно сте подолг период а знаете многу малку работи за него и неговиоте приватен живот. Врската опстојува кога двајцата партнери добро се познаваат. Потрудете се да допрете до вашиот партнер. Ако тоа не е возможно, можеби тој не сака да ви ја покаже другата страна од неговиот живот.
МакфаксПроверете дали вашиот дечко е вистинскиот, дали навистина сакате со него да го поминете остатокот од животот,  а

Пронајдете не на следниве мрежи: