Дали вашиот љубовен живот е нормален или треба да се загрижите?

Иако различните истражувања на темата колку често паровите се интимни можат различно да се толкуваат поради различните фактори, како што е трајноста на односот, децата, или возраста; секогаш е интересно да се прочитаат резултатите, бидејќи сексот е потреба која ги поврзува партнерите, а многупати досега е докажано дека е одличен за здравјето.
Според едно британско истражување кое го толкува познатиот психолог и сексолог Tracey Cox, може приближно да се заклучи колку често паровите имаат односи во зависност од возраста. Па така, се чини дека 35% од паровите на возраст од 18 до 24 години, имаат односи два до три пати неделно; а 24% од испитаниците се изјасниле дека имаат повеќе од четири пати неделно.
На возраст од 25 до 29 години, 48% од нив рекле дека имаат секс неколку пати месечно, а 35% го практикува сексот неколку пати неделно.


Во категоријата од 30 до 39 години, 50% од испитаниците се изјасниле дека практикуваат секс неколку пати месечно, а 21% два до три пати неделно.
Оние кои имаат меѓу 40 и 49 години, имаат односи неколку пати месечно, а 20% од паровите имаат интимни односи почесто – два до три пати во текот на неделата. Паровите кои ја поминале 60-тата година, најчесто се изјаснуваат дека се сексуално активни неколку пати во месецот.
Во големото истражување, во кое биле вклучени осум милиони луѓе, научниците дојдоа до заклучок дека може да се процени колку ќе бидете сексуално активни со својот партнер, врз основа на количината на секс во почетокот на врската. Таа бројка со годините како што врската одминува, треба да се намали за два пати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.