Според информациите кои што вчера на сите страни се лиферуваа тој веќе ја напуштил Унгарија. Како потенцијална наредна дестинација е споменуван Азербејџан.
Се погласно се говори и дека кабинетот на Орбан директно учествувал во планирањето и изведувањето на оваа џемсбондовска операција. Некои медиуми ја спомнуваат и Москва. Но, не е јасна една работа. Како патува Груевски? Со какви документи?
Некои зборуваат и за Белоруска врска, оти според бројот на дипломатските таблички 055, кола со која наводно е пренесеуван, може да се дојде до коли кои им припаѓаат на белоруските дипломати…
Ако го проверите авијацискиот сајт „Флајт фајндер“ се гледа дека омилениот авион на Орбан деновите кога се случува драмата со Груевски, имал цел ден престој во Србија, на белградскиот аеродром. ОЕ-ЛЕМ е ознаката на авионот, сопственост на познат унгарски олигарх и милионер, но тој авион всушност беше летало кое често во приватни цели за посети на фудбалски натпревари, како и на мундијаот во Русија, го користел унгарскиот премиер Орбан…
Унгарија е тивка деновиве и нема официјална потврда дека Груевски не е на нивна територија.
Повеќе на оваа тема Бегството на Груевски низ повеќе текстови и анализи