„Дали е дозволено да се сликатe со полицијата во ова издание? Фотографијата на Џеј Ло стана вирална на мрежите

Има само еден вистински. Доаѓаат добри работи – напиша Џеј Ло под фотографијата од снимањето на новиот спот
Пејачката и актерка Џенифер Лопез (51) синоќа беше фотографирана со полицајци кои ја штитеа за време на снимањето на новиот спот во Мајами.
Имено, таа за оваа прилика носеше кратки шорцеви, бела раскопчана кошула и јасно видлив сребрен градник. Ја пушти долгата кафена коса и имаше црвено капче на главата.
Задоволните полицајци не ја тргнаа насмевката од лицето откако позираа со популарната пејачка.
– Само еден е вистински. Добри работи доаѓаат – напиша таа покрај објавата од сетот. Бројни следбеници имаа само пофални зборови за нејзиниот стајлинг.
Во морето од коментари, се истакна еден: “Дали е дозволено да се сликате со полицијата во ова издание?”.


Неодамна, Џенифер призна дека таа и Бен Афлек се повторно заедно, иако ја криеја романсата од другите неколку недели. Пејачката на тој начин пронајде среќа во прегратките на нејзиниот поранешен свршеник, кој ја остави во 2004 година само неколку часа пред венчавката.
Но, се чини дека сè е заборавено, така што пејачката неодамна беше фотографирана на разгледувања низ училишта во Лос Анџелес, па се повеќе се зборува дека Џеј Ло наскоро ќе се пресели во вилата на актерот во Лос Анџелес и планира да ги земе и своите деца. Но, ниту еден од нив не ја потврди таа приказна.


Да се потсетиме, откако ја раскина свршувачката со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45), пејачката Џенифер Лопез не се разделува од Бен Афлек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.