Сите сме сретнале приказна дека ако јадете семки од лубеница, лубеница ќе почне да ви расте во стомакот. Иако тоа не е точно, се отворија многу прашања дали е навистина здраво да се јадат овие црни семки.
Истражувањата покажуваат дека лубеницата нуди многу здравствени придобивки.
Една студија се фокусираше на потенцијалното намалување на болката во мускулите, како и на тоа дека семките ја прават кожата поздрава. Додека друга се зафати со големо прашање и наведува дека овие семиња дури и го намалуваат ризикот од малигни тумори.
Експертите, вклучително и диететичарот Лорен Манакер, велат дека не само што семките се безбедни, туку и се преполни со хранливи материи.
– Семките од лубеницата се природен извор на манган, фосфор, калиум, протеини, фолати, есенцијални масни киселини, железо и цинк. Овие различни хранливи материи, како што е манганот, му помагаат на мозокот и нервниот систем да функционираат правилно, додека фосфорот помага во здраво формирање на коските и го подобрува варењето – вели Манакер.
Семките од црна лубеница се полни и зрели семиња кои можат да се садат. Здрави се за јадење, но имаат слаб вкус и многу потешко се џвакаат од незрелите бели семки.
– Иако и двете се безбедни за јадење, повеќето луѓе ги плукаат црните семки бидејќи тешко се џвакаат и го прават непријатно јадењето месо од лубеница – вели нутриционистот Тами Лакатос Шамс.
И белите и црните семки од лубеница содржат растителни влакна, а се смета дека никнатите семки од лубеница даваат уште повеќе хранливи придобивки.
Кога се печени, семките од лубеница личат на семки од тиква и се здрава ужинка.
Магнезиумот во семките игра клучна улога во производството на енергија, функцијата на нервите и одржувањето на стабилен крвен притисок, пренесува „Dailymail.co.uk“.