Кајли Џенер, најмладата од кланот Кардашијан-Џенер неодамна ја сподели големата вест за тоа дека повторно очекува бебе со својот партнер, раперот Тревис Скот со кој веќе ја има ќерката Сторми.
Таа се појави на роденденска забава, а за стајлингот одбрала необичен комбинезон со чипка од познат американски дизајнер во кој посебно до израз дојде нејзиниот стомак.
Модната полиција веднаш се потсети на 2015 година кога нејзината сестра Ким Кардашијан носела сличен ваков стајлинг додека била бремена.
Инаку, првата бременост Кајли ја сокри од очите на јавноста, додека овој пат среќната вест ја објави со видео на социјалните мрежи.




