Дали знаевте дека овие 7 навики се штетни за цревната флора? Откријте кои се.

Цревата се органи што најчесто ги потценуваме во секојдневието. На крајот на краиштата, тие се „само“ одговорни за варењето на нашата храна, нели? Погрешно! Тие се поважни отколку што мислиме, а тоа се потврдува преку фактот дека околу 70 проценти од нашиот имунолошки систем се наоѓа во цревата. Нашето ментално здравје исто така е поврзано со нив. Се смета дека стресот може да влијае негативно врз работата на цревата и да се манифестира преку синдромот на нервозно дебело црево. Затоа, од огромна важност е да се погрижиме да не дојде до нарушување на цревната флора преку нашите навики за исхрана. Во продолжение, ви ги претставуваме 7-те навики што можат штетно да влијаат врз цревниот микробиом.
Дали знаевте дека овие 7 навики се штетни за цревната флора? Откријте кои се.
1. Јадете премногу
Ако внесувате голема количина храна одеднаш, тогаш нормално е да се чувствувате презаситени потоа. Освен тоа, тоа доведува и до намалување на вашата енергија. Причината лежи во варењето на храната, па затоа ако внесете големи порции храна во организмот тој мора да потроши голем дел од енергијата, при што ќе остане многу малку за остатокот од телото и мозокот. Вашето тело ви кажува колку храна му е потребна, па затоа обидете се да не претерате.
2. Пиете премалку
Потребни се многу течности за непречено функционирање на цревата. Ако не внесувате доволно течности во организмот може да резултира со опстипација или затвор при што се нарушува нормалниот ритам на дебелото црево. Со други зборови, цревото се празни поретко отколку што е вообичаено и тоа може да доведе до непријатност и болки во стомакот. Диететските влакна во храната дополнително можат да го влошат процесот на варење доколку има недостаток на течности.
3. Јадете пребрзо
За жал, повеќето не се свесни дека оваа навика влијае негативно врз дигестивниот систем. Како прво, треба да знаете дека кога јадете брзо, голтате многу воздух, што може да предизвика гасови и болки во стомакот. Второ, од големо значење за цревната флора е темелното џвакање храна пред да се проголта. Имено, ензимите во плунката се тие што придонесуваат за распаѓање на храната, па може да се каже дека варењето започнува уште од устата.
4. Јадете премногу производи од бело брашно
Дали сте од оние кои не можат да си го замислат животот без тестенини и леб? Внимавајте, производите од бело брашно не само што ја поттикнуваат желбата за храна и се богати со шеќери, туку речиси и да не содржат влакна кои се неопходни за нормално функционирање на цревата. Обидете се да вклучите што е можно повеќе интегрални производи во вашата исхрана.
5. Консумирате премногу шеќер или засладувачи
Треба да внимавате доколку често јадете слатки: вишокот шеќер не само што ги оштетува забите и може да поттикне воспаление во телото, туку и негативно влијае врз цревната флора. Од друга страна, ниту вештачките засладувачи не се добра алтернатива бидејќи можат да им наштетат на добрите цревни бактерии, а со тоа и на целото тело.
6. Јадете премногу преработена храна
Високо преработената храна како печива и замрзнати пици воопшто не е добра за вас. Овие производи изобилуваат со шеќер и нездрави трансмасти што се одговорни за покачување на нивото на холестерол во организмот. Тие можат да придонесат и за развој на болести како што е ракот на дебелото црево.
7. Јадете премногу преработено месо
Сувомеснатите производи содржат голема количина на сол и масти што ги оштетуваат цревата. Покрај тоа, во преработените производи се додаваат конзерванси што можат да бидат канцерогени, па затоа обидете се да го сведете нивното консумирање на минимум.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.