Иако се преполни со хранливи материи и здравствени придобивки, урмите често се занемарени во нашата секојдневна исхрана. Само три урми на ден можат да го подобрат квалитетот на вашиот живот, обезбедувајќи природна енергија, поддржувајќи ја работата на срцето, црниот дроб и мозокот, како и зајакнувајќи ги коските и имунитетот.
Кога зборуваме за здравата исхрана и сите оние овошја и зеленчуци кои имаат огромно влијание врз одржувањето на телото во форма, се чини дека често забораваме на урмите и колку навистина е моќно ова овошје.
Кога луѓето би ги знаеле сите здравствени придобивки што ги имаат, сигурно би станале најважниот дел од нивното мени.
Урмите имаат неверојатни состојки, освен бакар, калиум, манган, влакна, магнезиум и витамин Б6, тие ги содржат и речиси сите витамини. Еве што би се случило доколку јадете урма секој ден. Урмите го подобруваат дигестивниот систем. Доколку имате проблеми со варењето на храната, постојан запек (констипација), нутриционистите препорачуваат урми, освен тоа, лекуваат болести како хемороиди!
Ја ублажуваат болката
Во урмите има многу магнезиум, па може да ја ублажи болката и да помогне при оток, но и да го намали воспалението на артериите и ризикот од срцеви заболувања, како и од артритис. Урмите се многу здрави за бременост, 69 жени кои биле тестирани имале помалку болки во текот на породувањето во споредба со оние кои консумирале урми во текот на бременоста.
Урмите се богати со високо ниво на магнезиум, што помага кога станува збор за проблеми со висок крвен притисок. Тие се вистинска суперхрана која го штити организмот од кардиоваскуларни болести. Нејзините здравствени придобивки се многу широки, а ова се најважните:
Пребогати со железо
Урмите се одличен извор на овој важен минерал, поради што се препорачуваат за трудници, деца и луѓе кои страдаат од анемија (слабокрвност).
Спречуваат дијареја
Урмите се богати со калиум, што ја олеснува работата на цревата и го поттикнува развојот на добри бактерии.
Помагаат кај запек
Урмите освен што спречуваат дијареја (пролив), го решаваат и проблемот со запекот (опстипација).
Одржуваат витка линија
Доколку сакате да спречите таложење на масни наслаги, обидете се да јадете по неколку урми секој ден на празен стомак, пишува „Хелтдефиншн“ (HealthiDefinition). Но, внимавајте да не претерате со урмите – тие се полни со шеќер.
Го регулираат холестеролот
Докажано е дека урмите го стабилизираат нивото на лошиот холестерол, со тоа што ги чистат крвните садови и имаат моќ да го спречат создавањето на згрутчување.
Го зајакнуваат срцето
Редовното консумирање урми ја спречува атеросклерозата, главната причина за срцев удар.
Го регулираат крвниот притисок
Доколку страдате од хипертензија (висок крвен притисок), можете слободно да јадете урми, бидејќи тие не содржат натриум, а се богати со калиум. Исто така, 6 урми содржат речиси 80 мг магнезиум, што е многу важно за здрав проток на крв.
Спречува мозочен удар
Благодарение на калиумот што го содржи, урмите можат да спречат мозочен удар доколку редовно ги консумирате.
Поддршка на артериите
Благодарение на нивната висока содржина на калиум, урмите помагаат во регулирањето на високите нивоа на холестерол, а со тоа го намалуваат ризикот од срцев удар.
Стимулација на црниот дроб
Урмите ја регулираат функцијата на црниот дроб и помагаат во борбата против болестите кои го зафаќаат.
Подобар вид
Јадењето само три урми на ден може да ви помогне да одржите јасен вид. Витаминот Д присутен во ова овошје, исто така, придонесува за блескав изглед на кожата.
Зајакнување на коскената маса
Урмите се богати со калиум, минерал кој помага во одржувањето на коските погусти и поздрави. Луѓето кои страдаат од состојби како што се остеопороза и остеопенија велат дека јадењето урми помага во намалувањето на болката.
Ја подобруваат функцијата на мозокот
Јадењето урми може значително да ја подобри меморијата. Значи, ако учите за испит, урмите може да ви помогнат да запомните повеќе од она што сте го прочитале. Истражувачите исто така веруваат дека урмите ги потиснуваат раните знаци на болести поврзани со губењето на меморијата.
Балансирано ниво на шеќерот во крвта (добри се за дијабетес)
Регулирањето и намалувањето на високите нивоа на шеќер во крвта бара и лекови и консумирање храна која не предизвикува зголемување на нивото на шеќер во крвта. Ниското гликемиско влијание на урмите помага да се регулираат симптомите на дијабетес тип 2.
Пронајдете не на следниве мрежи: