Честопати сме во дилема како да го исчистиме паркетот без да го уништиме со хемикалии. За да избегнете користење на штетни производи, пробајте го овој природен рецепт.
Состојки и подготовка:
Измешајте 1 чаша оцет со 10 капки есенцијално масло и исчистете го паркетот. Собата ќе мириса на свежо и чисто и оваа комбинација ќе го дезинфицира подот.
За да го полирате паркетот, измешајте ½ чаша сок од лимон, ¾ чаши маслиново масло и 3 литри топла вода. Резултатот ќе ве воодушеви!
За многу темни паркети, измешајте ¼ шолја разладен црн чај со 1/8 чаша оцет и 1 лажица течност за миење садови.