Многумина веруваат дека кафеавиот шеќер е поздрав од белиот, но дали е навистина така?
Кафеавиот шеќер главно се добива од шеќерна трска како основна суровина, бидејќи така е најисплатливо. За кафеавиот шеќер да биде навистина поздрав, треба да се прави од агаве или кокос, но тогаш би чинел многу повеќе.
Кафеавиот шеќер што се наоѓа на полиците на нашите супермаркети се добива со додавање на меласа од трска (10-15 отсто од количината) на белиот шеќер, кој има специфична потемна боја, вкус и гранулација.
Таквиот кафеав шеќер е 90% сличен во хемиската структура на белиот шеќер.
Како што сите знаеме, белиот шеќер се добива од шеќерна репка или шеќерна трска, каде што шеќерот и меласата се одвојуваат со хемиска обработка и се добива чист бел шеќер.
Ако ги погледнете етикетите на белиот и кафеавиот шеќер од истиот производител, ќе забележите дека кафеавиот шеќер има само пет до осум калории помалку. Количината на јаглехидрати е речиси иста како и гликемискиот индекс.
Без разлика за кој шеќер се работи, важно е да се контролира внесувањето на шеќер бидејќи прекумерното консумирање шеќер може да доведе до хронични заболувања како што се срцеви заболувања, дијабетес, дебелина и заболувања на црниот дроб.