Дали и вие го правите истото? 5 грешки кога нанесувате парфем

Парфемите траат пократко отколку што дамите мислат, а купуваат големи пакувања со надеж дека тие траат подолго и дека заштедиле. Добитникот на многубројни награди, францускиот дизајнер на парфеми Francis Kurkdjian, откри 5 најголеми грешки кои жените ги прават додека купуваат парфеми и во неговото нанесување.
Не тријте ги зглобовите
Поголем дел од жените ставаат парфем прво на зглобовите на рацете, потоа ги тријат и на вратот, всушност ова е голема грешка. Триењето на рацете ја загрева кожата со што произведува ензими кои може да го променат мирисот на парфемот – објаснува Kurkdjian.
Највисоките и најниските ноти на мириси се менуваат со овој чин и парфемот повеќе не е воочлив и опоен. За парфемот да мириса идентично како од шишенце, потребно е да прснете и да оставите да се исуши.


Не чувајте го парфемот во купатило
Парфемите се многу осетливи во условите каде се наоѓаат, а наглите промени во купатило за време и после туширање влијаат на мирисот.
Топлината поттикнува хемиска реакција на внатрешните органски состојки од парфемот и резултира со промена и губење на мирисот. Најдобриот начин за чување на парфемот е во оригинална амбалажа на собна температура.
Избирајте помали пакувања
Ако сте доволно среќни да имате различни парфеми или не го користите својот омилен парфем секој ден, со време кислородот ќе почне да влијае на распад на молекулите во парфемот кои влијаат на мирисот.
Вообичаено, едно шишенце има рок на траење од 3 месеци, па ако не го користите парфемот на дневна основа најдобро е да купите помало пакување. Ако веќе имате големо шишенце парфем, најдобро е да ги чувате во фрижидер за да им го продолжите рокот на траење.


Парфемите со потполно природни состојки не се подобри од делумно синтетичките
Идејата за целосно природен парфем звучи примамливо, но мирисот може да ве разочара. Мошус, најпопуларната состојка на сите парфеми се добива од животните , па мора синтетички да се произведи.
Други популарни мириси како на пример божур, фрезија, лилјан не можат да се добијат по природен пат зошто не ослободуваат доволно арома.
Kurkdjian смета дека идеална формула за парфем се етерични масла, природни концентрати, многу ароматични маслени билки и екстракти, како и синтетички состојки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.