Дали и вие ја правите оваа грешка кога јадете цреши?

Црешите се многу вкусни и постојат бројни придобивки од нивното консумирање. Тие се едни од најмоќните овошја благодарение на тоа што содржат антиоксиданси, витамини и минерали. Многу луѓе со нетрпение чекаат да дојде нивната сезона за да можат да уживаат во нивниот вкус. Но, постои една опасност за која многумина не се свесни додека ги јадат.
Имено, нивните семки содржат цијаноген гликозид, па доколку ги голтате можете да го доведете вашето здравје во опасност.


Уште поопасно од голтањето на семките е нивното грицкање при што се испушта штетната материја која може да доведе до труење.
Симптомите на труење се главоболка, вртоглавица, нервоза и повраќање, а може да дојде и до проблеми со дишењето, забрзана работа на срцето како и висок притисок.
Знаеме дека ова сознание нема да ве спречи да продолжите да јадете цреши. И не треба! Сепак, тие се многу здрави, па слободно уживајте во нивниот вкус, само плукајте ги семките.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.