Дали купувате и нанесувате парфем на погрешен начин?

Кога ќе влезете во парфимерија, преплавени сте од разни мириси и често не знаете кој да го изберете. Многу жени купуваат парфем кој ќе им се допадне „од прва“, а потоа откако го носат неколку дена веќе не им се допаѓа и се запрашуват зошто го одбрале баш тој парфем. Експертите имаат решение за тоа. Прво, заборавете на непромислениот шопинг бидејќи тоа е првиот чекор за да направите скапа грешка.


Дали купувате и нанесувате парфем на погрешен начин?
Важно е времето
Најважно е откако ќе го испробате тестерот на кожа да го оставите најмалку еден час за да ги откриете сите негови ноти. Тоа е затоа што секој парфем се состои од горни, средни и основни мирисни ноти. Горните, односно почетните се оние кои ќе ве привлечат веднаш на првиот мирис. Средните ноти го сочинуваат срцето на парфемот и затоа имаат најголема улога. Додека, основните се темелот на парфемот. Треба да помине време за да ги помирисате сите ноти.
Важно е и каде го нанесувате
Парфемот нанесете го на најтоплите делови на телото: вратот, подрачјето околу клучната коска, внатрешните делови на лактот и колената. Така мирисот постепено ќе се шири и подолго ќе трае. Нанесувањето на парфемот позади ушите не се препорачува бидејќи таму има жлезди кои може да го променат мирисот.
И за крај, експертите велат дека мирисот кој го носиме пред сѐ е резервиран за блиски личности кога ќе ни се доближат. Според бонтон, непристојно е да се „напаѓа“ околината со својот парфем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.