Дали мажите сакаат помлади или постари жени?

Истражувањето имало намера да докаже дека мажите не се толку опседнати со потребата околу себе да имаат млади жени, како што тоа се мислеше

Еден од најстарите стереотипи сега е и научно потврден – мажите повеќе сакаат помлади жени.

Без оглед на тоа дали и самите се во четиресетите, педесетите или шеесетите, мажите секогаш се подготвени да почнат врска со помлада жена, а според истражувањето, границата која не би ја поминале е жената да биде помлада од 22 години. Но тоа не значи дека секогаш бираат само жени кои се неколку децении помлади.

Студијата спроведена во Финска потврдува дека жените се заинтересирани за мажи кои се близу нивните години, или неколку години постари.

-Сите резултати можат да се објаснат како последица на еволуција. Машката сексуална стратегија се обликува на начин што вклучува интерес за плодни и помлади жени, објаснува авторот на истражувањето, Жан Антфолк.

Жените обично се попребирливи при изборот на сексуален партнер, па мажите често не би можеле да пронајдат парнерка која им одговара.

Истражувањето имало намера да докаже дека мажите не се толку опседнати со потребата околу себе да имаат млади жени, како што тоа се мислеше.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.