Дали може да „претерате“ со јадење овошје?

Најверојатно веќе знаете дека овошјето содржи многу шеќер. Шеќерот, генерално, не е здрав, па е природно да се запрашаме како влијае овошниот шеќер врз нас? Постојат дури и диети кои строго го ограничуваат консумирањето на овошјето или воопшто не го дозволуваат.
Денес, често се оди во крајност, па имате луѓе кои воопшто не јадат овошје (поради шеќер) и луѓе кои се хранат само со овошје (поради витамини и други корисни хранливи материи).
Вистинската мерка е, се разбира, некаде во средината и се разликува од личност до личност.
Овие совети ќе ви помогнат да оцените што е „вистинската“ мерка за вас:


Ограничете се на две до четири порции
Генерално, на телото му се потребни две или четири порции овошје во текот на денот. Што е „порција“? Приближно една чаша за чај (средна големина) или едно парче овошје во големина на топка за тенис.
Но ако вашето ниво на дневна активност варира во текот на неделата, се менуваат и вашите потреби. На пример, ако сте жена и јадете овошје во утринските часови, со појадок, а потоа во текот на денот како закуска (што не е лоша стратегија), кога вежбате можете да додадете и трета порција, непосредно пред тренинг.


Од друга страна, активните мажи и тинејџери треба да јадат четири порции овошје во текот на денот.
Вашите потреби за овошје зависат од вашите енергетски потреби
Овошјето е здраво, но не треба да претерате. Иако е богато со влакна, витамини и други важни хранливи материи, овошјето е и еден од главните извори на јаглени хидрати.
Едно јаболко или помала банана може да содржи околу дваесет грама јаглени хидрати. Секако дека треба да внесувате јаглени хидрати во текот на денот, тие обезбедуваат енергија за нашите клетки.
Но кога внесуваме повеќе јаглени хидрати отколку што ни треба, тие почнуваат да се „собираат“ во форма на масни наслаги.


Важно е и кога јадете
Бидејќи јаглени хидрати ни даваат енергија не е сеедно кога ќе јадете овошје. Ако сакате да јадете овошје во вечерните часови, ограничете се на една порција, на пример, една чаша јагоди или едно јаболко.
И уште нешто. Не треба да се плашите од шеќер. Проблемот го прават додадените шеќери, а не оние природни. Со други зборови, проблемот нема да го направат јагодите, туку шеќерот или шлагот што ќе го додадете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.