Дали Омега-3 киселините се добри за срцето?

Омега-3 масните киселини им се добро познати на сите оние кои водат грижа за исхраната. Ова соединение е добро за функционирање на мозокот и луѓето кои редовно го внесуваат докажано е дека се попаметни и подобро ги решаваат проблемите.
Меѓутоа, во последно време сè повеќе се зборува дека Омега-3 масните киселини се добри и за срцето. Ние одлучивме тоа да го истражиме и да дознаеме дали всушност се работи за точна информација, или дезинформација.


Пронајдовмее многу научни студии кои сакале да го тестираат овој мит, а исто така и многу познати нутриционисти го дале своето мислење. Заклучокот можеби ќе ве шокира, а тоа е дека Омега-3 масните киселини, немаат никакво влијание на срцето. Едно истражување следело неколку илјади луѓе, кои секојднено ги внесувале овие масни киселини. Кога нивните резултати се споредени со периодот кога не внесувале Омега-3 масни киселини, утврдено е дека состојбата на срцето е иста и нема никакви промени.
Иако повеќе пати е докажано дека Омега-3 масните киселини се многу корисни за организмот, тоа не важи и за подобрувањето на срцето и кардиоваскуларниот систем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.