четврток, 12 ноември 2026
Најново

Дали престанавте да водите љубов со партнерот? Проблемот не е наивен!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Експертот за врски Трејси Кокс вели дека ова може да доведе до развод. Во студијата спроведена од колумнистката Сузи Годсон, дури 44 отсто од паровите на возраст меѓу 36 и 55 години имаат интимни односи еднаш неделно. 32 отсто од нив изјавиле дека имаат секс само еднаш месечно.

Единаесет проценти од паровите признале дека се интимни со партнерот еднаш годишно, додека девет проценти од нив престанале да практикуваат интимни односи.

Само четири проценти од паровите рекле дека водат љубов секој ден.
Овие резултати се тесно поврзани со честите разводи, бидејќи ако имате добра и квалитетна сексуална врска, таа носи 20 проценти повеќе задоволство од вашата врска или брак.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Меѓутоа, кога паровите ќе престанат да уживаат во кревет, врската нужно почнува да страда.
-Интимниот чин прави да се чувствуваме посакувано, привлечно, психички здраво и го стимулира нашето расположение, рекла Трејси.

-Ако престанете да разменувате нежности, ризикувате и двајцата да го посакаат истото со некој друг, додаде таа.
-Затоа, пред уште еднаш да одбиете секс со партнерот затоа што и двајцата сте мрзоволни, затоа што сте заедно со години и се изгледа како еден голем напор, ве советувам да размислите двапати, заклучува таа.

Поврзани вести