Дали сакате да бидете среќни? Среќата е всушност прашање на избори и одлуки

Еден професор сакал да се пошегува со учиниците за време на едно од неговите предавања. Тој им се обратил на младите:
„Дали сакате да бидете среќни? Веднаш можам да ве направам среќни, можам да ви дадам вечна среќа. Дали некој од вас го сака тоа?“
Многумина од присутните кренале рака.
„Одлично!“, продолжил професорот. „Ќе добиете среќа во замена за сè што имате. Дајте ми сè што  поседувате и јас ќе ве направам среќни.“, рекол тој.
Учениците го гледале збунето. Мислеле дека зборува метафорички.
„Јас ви ветувам! Не се шегувам!“, сериозно им одговорил професорот.
Тогаш рацете на учениците почнале да се спуштаат и тој рекол: „Аха … Не сакате. Никој не сака …“
Потоа им објаснил на учениците дека ја поврзуваме среќата со удобност, успех, слава, авторитет, аплауз, пари, уживање и привремено задоволство. Среќата всушност е прашање на избори и одлуки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.