Дали се дебелеете од физичките вежби: Симптоми кои покажуваат дека премногу тренирате

Умереноста е златно правило за добро здравје, а тоа се однесува и на физичките активности
Пред да продолжите со тренирање, запрашајте се дали претерувате со вежбањето? Познато е дека физичката активност го забрзува метаболизмот, но дали така делува на секого?
Лин Џенет Рисајтис, американска нутриционистка, тврди дека телото може да ги перципира преголемиот број физички вежби како стрес, па затоа почнува да лачи низа хормони кои на крајот го забавуваат метаболизмот.


Меѓутоа, индивидуално е тоа колку физички активности се премногу. Со оглед на тоа што сите сме различни, не постои универзален одговор за сите. Некои од знаците дека премногу се исцрпувате се: умор, раздразливост, зголемен апетит по тренингот, акни, промени на расположението, повреди и зголемено опаѓање на косата.
Ако забележите такви симптоми, нутриционистката советува да го намалите бројот на неделни тренинзи или да го промените типот на физички вежби.
„Престанете да се мачите, пронајдете го она што најмногу ви одговара и што е најважно – најдете активност која е забавна, правете го она што го збогатува вашиот дух“, заклучува Лин Џенет Рисајтис.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.