Дали сончевите зраци се доволни за да ја надоместат потребната количина на витамин Д?

Со доаѓањето на пролетта сите се чувствуваме подобро, полни со енергија и желба за позитивна промена. Пролетта, сончевите зраци, црцорот на птиците, нè тераат да излеземе надвор и да ѝ се радуваме на природата. Но, пролетното сонце не значи дека нашата потреба за витамин Д е задоволена.
Дали сончевите зраци се доволни за да ја надоместат потребната количина на витамин Д?
Според новите истражувања, кај голем дел од светската популација се забележува дефицит на витамин Д, познат уште како „сончевиот витамин“. Сите ние треба да бидеме свесни за фактот дека оваа хранлива материја ги одржува во функција коските, мускулите, хормоните, срцето, гастроинтестиналниот тракт, мозокот и имунолошкиот систем (листата е долга, нели?!).
Недостатокот од витамин Д може да има негативни последици врз целокупното здравје. Истражувањата покажале дека луѓето кои живеат подалеку од екваторот во места со постудена и потемна зима се соочуваат со поголем недостаток на витамин Д. Се покажало дека кај овие луѓе, присуството на сонцето во одреден дел од годината не било доволно за да се надомести потребната количина на витаминот Д.


Друго истражување од 2017 година на мексикански испитаници покажало дека и покрај тоа што живеат во област со доволна сончева светлина во текот на сите годишни времиња, и тие се соочувале со дефицит на витамин Д. Истражувачите откриле дека количината на витаминот Д во организмот влијаела од повеќе фактори како возраста, полот, тежината, но не откриле директна поврзаност помеѓу изложеноста на сонцето и недостатокот од витамин Д.
Со други зборови, не треба да ги занемарите вашите суплементи на витамин Д само поради тоа што надвор има сонце!
Иако сончевите денови стануваат сè почести, не смеете да ги заборавите вашите додатоци со витамин Д. Имајте на ум дека топлите сончеви зраци нема да ви ја пружат потребната дневна доза на оваа хранлива состојка. Од друга страна, консумирајте почесто намирници кои содржат витамин Д како, на пример: млеко, јајца, житарки, јогурт, печурки, туна, лосос, сардини и авокадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.