Дали средбите на Мицкоски со монструмот Палевски се причина за манипулациите на ДПМНЕ?

Ако има поинкави докази за двојното убиството лидерот на ВМРО-ДПМЕ Христијан Мицкоски треба да ги достави до Обвинителството, а треба да одговори дали се среќавал и за што разговарал со Љупчо Палевски, изјави на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Би започналe со констатација дека ова можеби е една од најтешките прес-конференции бидејќи сметавме дека нема да се случи олку ниско да подне ДПМНЕ и најгрозоморното убиство во Македонија да го користи во дневна политика. Но, колку и да е тешко мора да побараме одговорност од Мицкоски, но и одговори на неколку прашања.

Барселона заинтересирана за Дарвин Нуњез
Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез може да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесува „The Sun“. Според британскиот весник, Барселона е заинтересирана за 24-годишниот Уругваец. Каталонскиот клуб го гледа …
Направете оревка по оригинален рецепт! Уникатен ликер направен од млади ореви
Ораховача е традиционален домашен пијалок направен од млади зелени ореви и ракија.Еве како сами да направите ореовача :Компоненти:40 зелени ореви1 кг шеќер или 1 кг мед1 л ракијаПодготовка:Оревите измијте ги, одозгора направете ситно исечкање или …

Мицкоски и ДПМНЕ имаат очигледно изопачена потреба да ја политизираат и злоупоитребуваат смртта на Вања, но нивните настапи добиваат нова опасна димензија. Во интервју, Мицкоски, без око да му трепне, рече дека има поинакви информации за случајот, за што треба итно да биде повикан во ОЈО и да ги достави. Сакаме да потенцираме дека прикривање докази е кривично дело. Очекуваме институциите веднаш да постапат.

Доколку се докаже дека Мицкоски немал докази, сметаме дека постојат елементи за одговорност за негова и тоа, првично, за поткопување на истрагата, и второ, ширење паника и страв меѓу населението.

Злоупотребата на убиството на дете во политичка цел и етички и од секој аспект е „еднакво злосторство“ како и самото убиство.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат дали овие манипулации кои ги прават се со цел да дефокусираат од неодговорените прашања на Мицкоски за средбите што ги имал со Палевски? Го прашаа некои медиуми, а еве денеска ние повторно прашуваме дали се гледале и за што разговарале и договарале Мицкоски и Палевски?

Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, кој јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.

Со радикални ставови, Палевски беше алатка на ДПМНЕ во црна кампања против СДСМ но и против сè што означува демократија во Македонија и за подгревање етнички тензии.

Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО.

Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ и алатка на политиките на преќутна агресија од страна на ДПМНЕ во изминативе две децении.

Затоа, надлежните органи, пред се Јавното обвинителство, согласно законот имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници, вклучително и со Мицкоски.

Христијан Мицкоски во најмала рака треба пред јавноста сам да одговири на сите прашања.

Секој треба да одговара според закон доколку креира лаги особено за вакви сензитивни и сериозни настани како случајот со убиството на малата Вања – рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.