Пред сезоната на грип и настинки, секогаш е добра идеја да ги проверите вашите лекови и да ги фрлите оние на кои им поминал рокот. Но, понекогаш може да се случи да земеме некои од лековите за болка, настинка или витамини, а откако ќе ги испиеме да сфатиме дека рокот им е истечен. Дали има простор за паника и дали навистина тоа е опасно?
– Постојат некои лекови на рецепт кои се всушност штетни и можат да бидат токсични за човечкото тело по истекот на рокот. Меѓутоа, ако земате лекови без рецепт со поминат рок, тие едноставно повеќе нема да бидат толку ефикасни – изјави за списанието Health Стејси Кертис, фармацевт и вонреден професор на Фармацевтскиот колеџ на Универзитетот во Флорида.
- Уапсен хрватскиот министер за здравство Вили Берош
- Почнува обврската за задолжителна зимска опрема во возилата
- ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба
- Експерти: Фокус на новата администрација на САД ќе бидат Украина и Блискиот Исток – Западен Балкан „останува во сенка“
- Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денес?
Постојат неколку фактори кои можат да го направат поризично земањето лекови со истечен рок – возраста на лицето, видот на лекот, начинот на чување и датумот на истекување.
Откако ќе истече рокот на употреба, фармацевтската компанија не може да гарантира дека лекот што се продава без рецепт ќе биде целосно ефикасен и безбеден.
Американската агенција за храна и лекови советува да не се користат лекови со поминат рок.
Фрлете ги сите лекови во течна форма веднаш по истекот на рокот
Кертис наведува дека некои лекови може да се користат неколку месеци по нивниот рок на траење, но веројатно нема да бидат толку ефикасни. Одредени лекови за настинка и грип што се издаваат без рецепт имаат ефект според упатствата односно, до нивниот рок на траење, советува Ешли Гарлинг-Нанез, клинички доцент на Универзитетот во Тексас.
– Сè што е во течна форма – капки за очи, капки за уши, спрејови за нос, течности за кашлање и слично – нема да биде безбедно за употреба по истекот на рокот бидејќи имаат тенденција да предизвикаат бактерии – објасни таа.
Меѓутоа, ако на лекот му истекол рокот во скоро време – има добри шанси тој сепак да делува, рече Кертис.
– Земањето на овој лек има само мал ризик.
Начинот на кој се чуваат лековите влијае на нивниот квалитет
Доколку лековите не се чуваат правилно, може да станат неефикасни и пред истекот на рокот, велат експертите.
– Лековите никогаш не треба да се чуваат таму каде што има многу сончева светлина, ниту во ранец или торба, ниту во багажник, бидејќи топлината многу побрзо ќе го разгради лекот – објасни Гарлинг-Нанез и препорачува секогаш да го фрлате лек ако изгледа како да се распаѓа и има чудна боја.
Истото важи и за лековите складирани во бањата.
– Туширањето создава многу топла и влажна средина, што може да влијае на лековите што се наоѓаат во бањата – додаде Кертис.
Правилно фрлете ги лековите со поминат рок
Важно е правилно да се фрлат лековите со поминат рок. Процесот варира во зависност од државата. Многу луѓе фрлаат лекови во канта со друго ѓубре, што е многу погрешно бидејќи животните можат да ги изедат.
– Вообичаено советуваме доколку фрлате вакви лекови да ги измешате со нешто што не е многу вкусно за животните, но и за луѓето. Затоа измешајте го со талог од кафе или нешто друго што не се јаде. Никогаш не фтлајте лекови во вода за да не се загади.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.