Дали тоа Тачи најавува војна во Македонија?

Интегрирањето на Македонија во НАТО  е прашање од исклучителна важност кое може да заврши со војна, јавно изјавува Тачи. Тој посочува дека е исклучително внимателен со оваа своја изјава, за тоа што тој го зборува да не биде сфатено како провокација. Сепак, ова се апелите кои треба да ги слушне и македонскиот народ.
– Ова е сериозно прашање, не е прашање на карти. Никого не сакам да исплашам, ниту еден граѓанин, но имам морална обврска да ја кажам вистината. Интегрирањето на Македонија во НАТО е прашање од исклучителна важност. Имам политичко разбирање за хистеричното однесување кога еден на друг му вели дека е предавник.
Но, оваа работа може да заврши со војна – изјавува Мендух Тачи без, притоа да се изјасни кој против кого ќе војува.Тој апелира до сите лидери, без разлика на кои политички кампови припаѓаат, да му ја кажат вистината на својот народ зошто тоа било демократија.Тоа што без престан се случува во Украина, според него, е директно рефлектирање на судирот на геостратешки интереси.
– Нашите граѓани во ниту еден момент не треба да бидат излажани. Тоа што Македонија е мултиетничка уште повеќе ја комлицира ситуацијата, вели Тачи, посочувајќи дека е исклучително внимателен со својата изјава, за тоа што го зборува да не биде сфатено како провокација.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.