Повеќето од нас најмногу сакаат свежи банани. Но, што да се прави со бананите на кои има црни точки?
Според нова студија, поцрнетите банани можат да имаат голем број здравствени придобивки, а исто така можат да помогнат во намалување на ризикот од развој на рак.
Според јапонските експерти, поцрнетите банани содржат импресивна количина на таканаречен фактор на туморска некроза или TNF. TNF е корисен затоа што делува на малигните или канцерогените тумори пред да имаат можност да растат и да се размножуваат неконтролирано, загрозувајќи го здравјето.
TNF е всушност еден вид протеин и насочува одредени клетки на имунолошкиот систем кон воспаление или која било друга невообичаена појава во телото, вклучително и тумори на рак.
Затоа, ако секој ден јадете малку банана со црни точки на кората, тоа може да направи чуда за вашето здравје. Освен тоа, поцрнетите банани содржат голем број други витамини, минерали и антиоксиданси кои имаат низа здравствени придобивки.
Ваквите банани го намалуваат крвниот притисок благодарение на калиумот во ова овошје, пишува Healthy builderz. Поцрнетите банани исто така можат да го подобрат расположението и да ја зголемат енергијата благодарение на витаминот Б и добрите јаглехидрати. Затоа, ќе бидете попродуктивни откако ќе изедете банана. Освен тоа, бананите се одлични за здравјето на коските поради присуството на манган кој заедно со калциумот ги прави коските силни и здрави.