Зеленчукот е една од главните групи на храна што треба редовно да се наоѓаат на нашето мени. Но, дали го јадеме правилно?
Делот од зеленчукот што го фрламе со лупењето е всушност најздравиот дел, тврдат стручњаците.
Нутриционистката Мери Џејн Дитроер вели дека има неколку причини зошто не треба да го лупиме зеленчукот, а како главна причина го наведува фактот дека на тој начин внесуваме помалку хранливи состојки во организмот.
„Во лушпата има многу хранливи, нерастворливи влакна, а тоа особено важи за лушпата со изразена боја. Во поголемиот број случаи најголемиот дел од хранливите состојки всушност се содржи во лушпата“, вели таа.
а пример, во темнозелената лушпа на краставиците се наоѓа најголемиот дел антиоксиданси, како и голема доза витамин К.
Во лушпата на компирот има многу хранливи состојки, како и железо, калциум, магнезиум, калиум, витамин B6 и витамин C.
Зеленчукот со впечатлива моја, како моркови и пиперки, во лушпата содржат фотонутриенти во кои има антиоксиданси што го чуваат црниот дроб и штитат од воспаленија.
Нутриционистката Дитроен вели дека причината зошто повеќето луѓе го лупат зеленчукот е стравот од пестициди на површината на зеленчукот. Меѓутоа, тоа може да се реши со темелно миење.
Таа препорачува да го миете зеленчукот со ладна вода, по можност со мека четка, внимавајќи да не го оштетите или омекнете зеленчукот.