Дали е неопходно да се пијат суплементи со витамин Д, ако пролетта започнала и повеќе сме изложени на сончевите зраци отколку во студените и мрачни зимски месеци?
Едно истражување спроведено во екстремно сончева земја се осврна на оваа тема – дали треба да продолжиме да пиеме витамин Д ако времето е убаво?
Студијата, спроведена во Мексико, која има многу сончеви часови годишно, опфатила возрасни луѓе на возраст над 55 години. Утврдено е дека, иако живееле во области каде што сите годишни времиња освен зимата се многу сончеви, многу од нив имале недостаток, односно недоволна количина на витамин Д во организмот. Нивниот статус на витамин Д беше одреден според возраста, тежината, обемот на половината и полот, но не беше утврдено дека изложувањето на сончевите зраци значително влијае на неговата количина.
Кои се симптомите дека ви недостига витамин Д?
За да добиеме доволно количество од овој важен витамин од сонцето, нашата изложеност би требало да биде многу долга, подолга од вообичаената прошетка и вршење на нормални активности. Бидејќи изложувањето на сонце носи ризици и за нашата кожа, експертите секако не препорачуваат такви експерименти.
Голем процент од населението на глобално ниво има дефицит на витамин Д, поради што пијат суплементи. Ако и вие имате недостаток, не престанувајте да земате додатоци на витамин Д само затоа што времето е убаво.
Исто така, бидејќи е многу важно да ја заштитите кожата од УВ зраците со нанесување средство со заштитен фактор, тоа дополнително ќе го спречи сонцето да ви „даде“ витамин Д, па суплементите се најдобар избор доколку не го внесувате овој витамин доволно преку исхраната.