Дали треба да се вежба за време на настинка?

Конечно сте ја пронашле програмата со вежби која Ви одговара, а потоа изненадно сте настинале и се прашувате дали за време на настинка треба да отидете на тренинг или подобро би било сосема да се опоравите пред следниот тренинг.
Општото правило вели дека ако симптомите на настинка се јавуваат над вратот (грло, нос, синуси) можете да вежбате, а ако чувствувате проблеми под вратот, тренингот треба да го одложите.
Примери на болеста со симптоми над вратот: настинка, затнат нос, благо воспаление на грлото.
Пример на болеста со симптоми под вратот: болка во градите, болка во мускулите на телото, стомакот и така натаму.


Истражувачите од Универзитетот Бал Стејт потврдиле дека умерено вежбање не влијае на траењето или тежината на настинката. Всушност, едно истражување објавено во Annals of Family Medicine покажа дека умерените аеробни вежби од 30 до 45 минути дневно, како што е прошетка, возење на велосипед или трчање можат да ги преполоват проблемите од респираторни инфекции.
Најдобриот начин е да го слушате Вашето тело и да не претерувате. Ако чувствувате доволно енергија одете на тренинг, ако бидете внимателни кон другите и внимавате да не ширите бактерии кога и да се искашлате или кивнете, устата прекријте со раката, а цела опрема после исчистете ја со средство за дезинфекција. Доколку не се чувствувате добро, тогаш заборавете на еден или два тренинзи, а тоа секако нема да влијае на Вашите резултати на подолг рок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.