Дали УБК ги прислушувала и сопругата и братот на Сашо Мијалков?

„По апсењето на Верушевски, отидов кај челниците на МВР за да го пријавам случајот и да кажам сè што знам. Тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савевски ми даде список со преведени прислушувања на англиски јазик, побара од мене да напишам кои линкови биле во системот. Дојде Горан Грујевски и ни рече дека не е можно да биле прислушувани Влатко и Александра Мијалкови. Рече дека тој никогаш не би го прислушувал семејството на неговиот директор и оти има сведоци кои ќе го докажат тоа. Му реков дека не е точно, нека каже кои се тие сведоци. Тоа што го знам јас е вистина“, рече сведокот Ѓорѓи Лазаревски.
800 гига бајти тежеле нелегално прислушуваните разговори кои за три години успеале да ги изнесат од УБК Ѓорги Лазаревски и Звонко Костовски и да му ги предадат на ексразунавачот Зоран Верушевски. Сето тоа не го правеле за пари туку затоа што биле уведени дека тоа е праведно  рече свиркачот Ѓорги Лазаревски кој е клучен сведок на СЈО во предметот  Таргет- Тврдина.
Во случајот Тврдина – Таргет кој се однесува на масовното прислушување обвинет е и екс шефот на УБК Сашо Мијалков на кој притворот му беше укинат и заменет со притвор како осомничен во случајот Империја. Неофицијално како гаранција за да се брани од слобода понудил милион евра во недвижен имот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.