Дали учесниците на Шарената Револуција , со паролите Нема Правда,Нема Мир ќе ги покажат на дело идеалите за кои се бореа и протестираа?

Веќе неколку дена во јавноста се зборува за изградбата на гасоводот и шумите на Водно кои ќе се уништат за изградба на истиот. Но мене како на граѓанин ми смета едно многу клучно прашање за сите учесници на протестите , не така неодамна , кои се сега носители на Извршната власт во Македонија. Премиерот Зоран Заев , Министерката за Одбрана Радмила Шекеринска и Скопскиот Градоначалник Петре Шилегов .

Кога го ГУШКАА ГРАДСКИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР да не претрпе измени и реконструкција, кога го обоија  Центар  и извикуваа Нема Правда , Нема Мир ! Дали сега од позиција на Извршна Власт ќе се огласат на прозивките на граѓаните кои што се против рушењето и уништувањето на Водно? Еден од очевидците денес тврди  САКАА ДА НЕ ПРЕГАЗАТ СО БАГЕРИТЕ, ОД ИНЦИЈАТИВАТА  „ГО САКАМ ВОДНО“ КОИ ДЕНЕСКА СО ЖИВ ШТИТ ГО БРАНЕА ВОДНО ОД ИЗГРАДБАТА НА ГАСОВОДОТ? Од Граѓанската иницјатива велат дека побарале од преставниците на Македонски Енергетски Ресурси кои биле на местото каде се вршат градежните работи да им ги приложат дозволите за работа . „Побаравме да ни покажат дозвола од Град Скопје за сеча на дрвјата и градежна дозвола од Министерство за транспорт и врски за променета траса. Теренот не е обележан, нигде нема информативна табла, ниту просторот е заштитен и соодветно ограден“, велат од „Го сакам Водно“.Дали ова е транспарентноста и чесното владеење кое го бараа од претходната власт?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.