Сигурно сте слушнале дека е лошо, па дури и опасно, да оставите шише вода во загреан автомобил подолго време. Дали е тоа само мит?
Има бројни ситуации во кои сме принудени да чуваме вода на подолг период, на пример, кога пакуваме вода за хуманитарна помош за населението загрозено од природна катастрофа.
Пред складирање, добро е да се знае дали одредени видови на вода имаат рок на траење и колку долго може да се чуваат отворени или да се консумираат.
Технички гледано, познато е дека флашираната вода нема рок на траење, но „материјалот од кој е направено пластичното шише може да се распадне и да ослободи загадувачи во водата“, вели нутриционистот Ендрју Акафонг.
Диететичарката Абигејл Томас се согласува дека водата нема рок на траење, но елементите што ја опкружуваат ги менуваат хемикалиите во неа.
„Водата нема рок на траење, но амбалажата во која е спакувана водата има. Пакувањето се распаѓа и тоа на крајот директно влијае на водата“, објасни таа.
За разлика од флашираната вода што можеме да ја најдеме во продавниците, водата од чешма наполнета во шише треба да се фрли по шест месеци.
„Водата од чешма може да се чува до шест месеци со минимален ризик од несакани ефекти доколку се складира правилно“, тврди диететичарот Мушуми Мукерџи.