За подобро здравје, лекарите секогаш препорачуваат консумирање овошје. Во овошјето се наоѓаат хранливи материи кои го одржуваат телото здраво, а урмите се на врвот на листата.
Тие се овошје чие консумирање има бројни предности за организмот.
Многу луѓе користат урми како замена за шеќер. Јадењето на ова овошје, богато со влакна, помага и во борбата против многу болести. Ова е одлична опција за намалување на желбата за шеќер и слатки, а важат и за одлична попладневна ужина.
Предности од потопување на урмите во вода
Потопувањето на урмите во вода го отстранува танинот или фитинската киселина присутна во нив, по што нѝ е полесно да ги апсорбираме хранливите материи. Консумирањето на урмите потопени во вода, исто така, го олеснува нивното варење. Се препорачува да се консумираат 2 до 3 урми наутро, пишува „India Herald“.
Ако сакате да уживате во вкусот на урмите и нивните хранливи состојки, потопете ги 8 до 10 часа пред јадењето. Урмите содржат многу видови на хранливи материи, како што се јаглехидрати, протеини, влакна, витамин К, витамин Б, калиум, магнезиум, железо, калциум, манган, цинк итн. Сите овие хранливи материи го штитат организмот од многу болести.
Позитивно делуваат на констипацијата, го намалуваат холестеролот…
Редовното консумирање урми носи голем број здравствени придобивки. Освен што помага во решавање на проблемите со констипацијата, урмите можат да помогнат и во намалување на холестеролот и одржување на крвниот притисок под контрола. Вклучувањето на урмите во исхраната може да придонесе за одржување на здравјето на срцето.
Исто така, тие позитивно влијаат на цврстината на коските и ја забрзуваат работата на мозокот. Урмите ослободуваат од замор и слабост и се корисни за подобрување на општата енергетска состојба.
Дополнително, урмите се корисни за пациентите со анемија и можат да ги ублажат проблемите со хемороидите. Го подобруваат и здравјето на кожата и косата, а нивното консумирање придонесува и за зголемување на физичката сила и издржливоста.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.