Дали јапонските ЈАБОЛКА се подобри од другите? Секако се извонредни!

На почетокот на зимата, ретко кои дрвја на себе имаат зрели овошки. Помеѓу ретки се од неодамна познатите сјајни, портокалови јапонски јаболка. Заедно со мушмулите кои исто така периодов можат да се најдат сосема свежи, овие јаболка можат да ни понудат свежина, но и карактеристичен вкус.
Денес нешто повеќе околу јапонските јаболка, нивната историја, корисните ефекти од употребата, како и начинот на кој се јадат.
Јапонските јаболка (познати и како ,,каки јаболка”) се цветни, дрвенести растенија, најчесто од видот Diospyros kaki, од семејството Ebenaceae. Како што кажува и самото име, потекнуваат од далечниот исток, а од не толку одамна се култивираат и на европскиот континенти. Кај нас во Македонија исто така се сè почесто застапени.
Нивниот специфичен вкус, како и меката структура им овозможува покрај како свежа овошка, да се употребуваат и во различни кондиторски производи (пити, торти, десерти итн.).
Но, покрај својот уникатен вкус, кој потсетува на мед (при потполна зрелост), јапонските јаболка претставуваат и нутритивно сконцентрирана храна, односно се богати со низа исклучително корисни хранливи материи. Помеѓу нив се вбројуваат и некои кои често пати недостастуваат во секојдневната исхрана. Во продолжение, кои се тие позитивни ефекти од уникатниот состав на овој тип јаболки?
Нутритивно сконцентрирана храна


Јапонските јаболки се нискокалорична храна, навистина богата со цела лепеза на различни извонредни хранливи материи.
Во една зрела јаболка со просечна големина, се содржат (приближно):
120 калории
31g јаглехидрати од кои 6g растиелни влакна и 20g шеќери
1g протеини
Занемарливо количество масти
Речиси 100% од Дневните Потреби за витаминот А
15% од ДП за витамин Ц
12% од ДП за витамин Б6
10% од ДП за витамин Б5
8% од ДП за витаминот Е
20% од ДП за бакар
25% од ДП за манган
7% од ДП за калиум
3% од ДП за железо
3% од ДП за магнезиум
Покрај ова, јапонските јаболки содржат и нешто помали количества од другите Б витамини, потоа од витаминот К, калциум, фосфор, селен, цинк итн.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.