Дами, од овој момент заборавете на целулитот! Еве на кој начин!

Не очајувајте, за секоја неправилност постои решение.
Најважната тема за отстранување на „најголемиот непријател“ на жените ширум светот е актуелна, а брои дури 80% од припадничките на понежниот пол, кои се борат со овој проблем.
Секоја од нас барем еднаш во својот живот се сретнала со него.Целулитот претставува „деформитет“ кој се јавува под кожата, помеѓу фиброзните влакна, поради наталожените токсини. Го ослабува сврзното ткиво и формира изглед на кора од портокал, за која се согласувате дека воопшто не изгледа привлечно.
Најчесто можеме да го видиме на бутовите, задникот и стомакот, бидејќи на овие места има масни наслаги.
За појавата на „неочекуваниот“ целулит придонесуваат лошите навики, неизбалансираната исхрана и недостатокот на физичка активност.


Но, не очајувајте, со неколку корекции и инструкции, работите можат драстично да се подобрат. Ние ви претставуваме три совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од целулитот за неколку недели.
Правилна исхрана:
Избегнувајте сол, шеќер, слатки, газирани пијалоци, јаглени хидрати, тестенини и бело брашно. Зголемете го внесувањето на интегрални житарици и црвено овошје, како и внесот на „добри масти“ или незаситени масни киселини, кои организамот веднаш ги користи. Можете да ги најдете во риби, семиња, ореви, ладно цедено масло.
Неизбежна физичка активност:
Најефективно е да се базирате на кардио тренинг, возење на велосипед, пливање, трчање, Зумба, односно она што ќе ви помогне во согорувањето на масните наслаги
Благ пилинг:
3 лажици кафеав шеќер
шоља за кафе со маслиново масло
талог од кафе

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.